Мери Акиевска уште еднаш покажа и докажа дека е светска класа на натпреварувач. И покрај 24 часовните патешествија и неизвесност, успеа директно од авион на сцена да ја освои Европската титула
– велат од Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.
Честитки!!!
Ух, какви 24 часа!!! Се е школо, па и ова. А, секое школо се плаќа. Нас не чини неколку златни медаљи! Скапо го плативме ова школо, овојпат! Пристигнување 15 минути пред да се качат девојките од мојата категорија на сцена. Имавме време само да нанесеме боја и облечеме бикини! Шминка и накит стававме во одење, а пумпањето беше додека се качував по скали. Сепак, покажавме дека сме квалитет од Светска категорија! Европска титула во категорија Велнес Фитнес до 163 цм. Нема застанување. Одиме понатаму!
Благодарност за подршката од страна на мојата матична теретана МАГНУС , мојот тренер Бобан Ѓороски кој не постои ниту цена ниту зборови со кои можам да се заблагодарам , посебно во овие изминати два дена што ќе останат во сеќавање поминати со стресови и солзи за да успеам да стигнам на европското првенство и навреме да застанам на сцена , успеав да стигнам само за во сениорска категорија и тоа некои 15 минути пред излегување на сцена за тоа време немав ниту полнење со храна ниту доволно време да направам пумпање но сепак со божја воља успеав да ги победам конкурентките во сениорска и да бидам прво пласирана
Ова е преголем успех за мене најпрво што здрава , жива стасав во Шпанија тоа е најголема победа и се победив самата себе и против себе,
напиша на ФБ статус Мери Акиевска.
Браво девојко
ЧЕСТИТКИ!!!