Британските научници почнаа истражување базирано на индивидуалниот одговор на секој човечки организам на одреден лек, кој зависи од генетските предиспозиции на секој поединец.
Ваквото „персонализирано“ здравство се очекува драстично да ги намали несаканите ефекти од лековите, кои во некои случаи можат да бидат фатални.
Се проценува дека генетското тестирање на здравствените осигуреници ќе чини по 100 £ (фунти) од човек, но ќе донесе голема заштеда на санирање на еветуалните последици од несакани ефекти.
Првата фармакогеномска база ќе опфаќа 100 најчесто употребувани лекови во Обединетото Кралство и се очекува да биде комплетирана до крајот на 2022.
Упатените велат дека, доколку ова истражување вроди со плод, фармакогеномиката може да предизвика вистинска глобална револуција во медицината и фармацијата.