Денес Франција гласа на изборите за претседател. Речиси 50 милиони гласачи треба да се определат за еден од 12те кандидати, меѓу кои според анкетите најсериозни шанси имаат актуелниот претседател Емануел Макрон и десничарката Марин Ле Пен.
Првите оценки за изборите се дека одзивот на гласачите е многу помал од претходните години, што се толкува и како порака од гласачите до политичарите и политиката дека преовладува општа недоверба.
На последните анкети пред гласањето бројот на неопределените кои сѐ уште не решиле за кого ќе гласаат остана прилично висок 37%, но аналитичарите не мислат дека се можни некои поголеми изненадувања.
Она што се смета за пресудно за гласањето е економијата и животниот стандард, односно вечните теми – просечна плата и трошоци за живот.
Што се однесува до подемот на десничарските кандидати, вклучително и на Марин Ле Пен која според анкетите е најблиску до Макрон, се забележува интересен феномен дека тие добиваат поддршка и од гласачите со африканско или арапско потекло, кои велат дека гласањето за десницата е еден вид поддршка за Франција како нивна татковина.
Дел од слабиот одзив се објаснува и со преголемата ангажираност на Макрон во надворешната политика околу ЕУ, Украина и Русија, поради што не посветил доволно време и на својата кампања.