Германската влада донесе одлука за времено шестмесечно преземање на управувањето со постројките на руската нафтена компанија Роснефт.
Чекорот ќе значи преземање на најголемата рафинерија за нафта во Европа, “Пе-Це-Ка”(PCK) во Швед, во близина на границата со Полска, во која над една третина од акциите има компанијата „Шел” но со одлучувачкиот пакет во следните шест месеци ќе управува германската агенција за дистрибуција.
До сега рафинеријата се снабдуваше со руска нафта преку нафтоводот Дружба, но сега со оглед на санкциите од ЕУ, властите ќе бараат алтернативни начини, како нафтата од Росток, преку пристаништата во источна Германија да стигне до рафинеријата во Швед.
И покрај тоа што чинот на времена германска „конфискација” на фирмите и постројките на Роснефт во Германија, на прв поглед изгледаат како „непријателски чин” се чини дека Германија во договор со руските партнери и власти, заеднички бара начин како да го спречи недостигот на гориво во земјата, без притоа да во повреди сојузништвото со западните партнери кои воведоа ригорозни санкции и блокади кон Русија.