Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Германија потпишаа договор за снабдување на Германија со течен гас и дизел за период од 2022 до 2023.
Локалните медиуми јавија дека во септември имало директна испорака на бензин за Берлин и додаваат дека во 2023 година Германија ќе добива околу 250.000 тони бензин месечно.
Договорот го потпиша германскиот канцелар Олаф Шолц и Министерот за индустрија на ОАЕ Султан Ал Џабер.