На почетокот на својата кариера пејачот Здравко Чолиќ се обиде да се пробие на англискиот, германскиот и рускиот пазар.
Најупорни биле обидите за влез на германскиот музички пазар, каде издал и неколку сингли на германски јазик, но по сугестија на издавачите морал да го смени името во Дравко, бидејќи Германците имале проблем со читање на буквите З и Д една по друга, особено што, неговото име на германски би се читало како ЦДРАФКО.
Иако за германскиот, англискиот и рускиот пазар, Дравко снимал и некои сосема различни песни од својот домашен репертоар, оние кои според оценката на издавачите би можеле да бидат прифатени од публиката, беа препеани на германски јазик, како на пример големиот хит напишан од Арсен Дедиќ – Ruh dich aus in meinen Armen.