„Поведи коло танчаријо” беше насловот на традиционалниот годишен концерт на битолскиот фолклорен бренд КУД Илинден.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/1-19.jpg)
Празник за очи и за уши е метафората со која со години пребирливата битолска публика со нетрпение го дочекува годишниот концерт во декември.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/2-13.jpg)
Ако фолклорот и традиционалните песни и игри се наjвпечатливото исконско идентитетско сведоштво на еден народ, тогаш културно-уметничките друштва се најдобриот чувар и пренесувач на националното богатство на идните генерации.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/3-14.jpg)
Во продолжение, дел од галеријата која КУД Илинден ја објави од концертот – преку фотографии кои доловуваат само дел од убавината наменета за очите.