Новата алатка на Google треба да им обезбеди на корисниците до 60% повеќе простор за складирање.
Апликацијата Android Archive ќе им овозможи на корисниците да ослободат до 60% простор за складирање со архивирање на некои од апликациите што не ги користат.
Како што објаснија на блогот Android Developer, нема да биде потребно да се деинсталираат апликациите за да се ослободи простор, туку делот што не се користи ќе биде архивиран. Доколку се појави потреба за користење, истакнуваат од Google, архивираниот дел лесно може да се врати во активниот дел од складиштето.
Android Archive се очекува да се појави подоцна оваа година како дополнителна функција во рамките на оперативниот систем, а програмерите во моментов имаат пристап до сет на алатки како дел од пакетот „Bundletool“ што им овозможува да ги подготват своите апликации за работа со Android Archive.