Показна вежба на противпожарните единици и волонтерите на Црвениот Крст, во строгиот центар на Битола го привлече вниманието на минувачите на Широк Сокак.
Сепак, многумина првично помислија дека се работи за вистински пожар. Постарите Битолчани се потсетија на сличните масовни вежби во времето на поранешната СФРЈ, СВОЗ или Сите во одбрана и заштита.