“Ние сме исто така повикани на Иродовата гозба, дури многу пати во еден ист ден.
Погубно за нас е тоа што ние често, на почетокот, не ни забележуваме дека таму сме водени од грешни побуди, и затоа гревот се вовлекува во нас без воопшто да го забележиме.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-38.jpg)
И самиот Ирод, порано, со задоволство сакаше да го слуша Свети Јован Крстителот.
Веројатно, тој ја препозна и својата грешност, но не се бореше со неа и на крај стигна и до гревот: – да стане убиец на најголемиот и најправеден човек.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-29.jpg)
Секој од нас, секојдневно оди на блудни прослави, како таа на Ирод.
Секогаш кога се согласуваме со злото, кога ги избираме телесните грешни задоволства, кога не сме милостиви, кога сме невнимателни кон своите души.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-25.jpg)
Почнуваме со малку, безначајно, а потоа не можеме да се запреме.
И ако на време не се освестиме и не се соземеме, ќе стигнеме до тешки престапи и гревови кои ќе ни станат наше вечно измачување.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/16-2.jpg)
И тогаш и сега, Свети Јован Крстителот не повикува:
– Покајте се, зашто се приближи царството небесно! (Мт. 3:2).
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/6-15.jpg)
Покајте се, за да уживате во Гозбата на Јагнето, заклано заради гревовите на целиот свет, во светли и вечни пребивалишта.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/7-11.jpg)
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/8-9.jpg)
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/10-4.jpg)
Не учествувајте во гозбата од измачувања од ѓаволот, во бездната на адот и крајната темнина.”
– Свети Јован Максимович (Шангајски, Санфранцискански, Битолски)