Научниците од Чиле се изненадени од количеството на коски и нивното добро зачувување.
Tие открија ретко место со добро сочувани коски на праисториски летечки влекачи кои талкале по пустината Атакама во Андите пред повеќе од 100 милиони години.
Коските им припаѓаат на птеросаурусите т.е. летечки суштества кои живееле заедно со диносаурусите и имале голем распон на крилјата и се хранеле преку долгиот клун на кој има по должина долги тенки заби, слични на фламинго.
Откривањето на овие ретки гробишта ќе им овозможи на научниците да ги проучуваат навиките на птеросаурусите, а не само нивната анатомија.
Локалитетот со откритијата се наоѓа на 65 километри од второто место каде се пронајдени други остатоци од птеросауруси.
Ова откритие ја поддржува хипотезата на научниците дека птеросаурусите некогаш биле широко распространети во северниот дел на Чиле.