Една од најпосетуваните гробници во познатиот Пантеон во Париз, каде почиваат многу познати и истакнати личности низ историјата, е гробот на нобеловката Марија Кири.

Посетителите можат слободно да се приближуваат до надгробната плоча и да оддаваат почит, благодарение на слојот од 3 цм. олово кој го спречува радиоактивното зрачење од посмртните останки, за кое се верува дека е сѐ уште опасно.

Кири почина во 1934 како последица на нејзините радиоактивни експерименти и долготрајна изложеност на зрачење, а научниците веруваат дека и денес 80 тина години по смртта, опасноста за околината од нејзиното тело останува и за да се изгуби целосно се потребни неколку векови.
