Вашингтон Пост објави дека меѓу 11.000 класифицирани документи кои Федералното биро за истражување – ФБИ ги откри и заплени од приватната вила на Трамп во Мар-а-Лаго има и документи до многу голема тајност, до чиј пристап се потребни посебни овластувања и протоколи.
Како пример е наведено разузнавачкото досие за нуклеарниот потенцијал на една земја, која весникот не ја открива за да не ги прекрши законските прописи за тајност на класифицирани податоци.
На имотот на Трамп, биле запленети 18 ексклузивни документи со исклучителна тајност и доверливост, 50 документи означени како – тајни и 31 документ со назнаката – доверливо
Документите со многу голема тајност, според американските закони се достапни до многу мал круг на луѓе, а поголемиот дел од администрацијата на Бајден нема овластување да ги види, па дури и за претседателот треба процедура за посебна дозвола предвидена со строг протокол.
Во меѓувреме, адвокатите на Трамп побараа независна експертиза од вештаци кои треба да утврдат, дали навистина документите се толку тајни како што се тврди во медиумите, или властите од администрацијата на Бајден, преку преувеличување на наводите за тајност, намерно се обидуваат да го компромитираат, па ако може и да го уапсат Трамп, во обид да го намалат неговото политичко влијание во САД кое е големо.
Судот го прифатил барањето за независна експертиза, што значи дека процесот против Трамп и судската разврска ќе трае многу подолго отколку што се очекуваше.