Телекомуникациската компанија “Оптус” која беше цел на хакерски напад и од неа биле украдени лични податоци на повеќе од 10.000 милиони корисници била уценета да плати еден милион австралиски долари во криптовалута од хакерите, соопшти австралиската полиција.
Во украдените податоци сопственост на „Сингапур телеком“ украдени се податоци од доомашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши и ова е едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија.
И покрај притисокот на целата ситуација и медиумски и полициски отпор да се пронајдат сторителите сепак хакерите денес соопштија дека ги избришале податоците и дека го повлекуваат барањето за откуп.
По повлекувањето на барањето на хакерите “Оптус” заедно со федералната полиција кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат.
Во австралиската јавност се шпекулира дека телекомуникацискиот сервис заедно со австралиската полиција соработувале и со сомневаат дека тоа е намерно направено од нивна страна но сепак за тоа никој нема докази.