Според статистиките, особено во пост ковид периодот, бројот на случаи на депресија во светот постојано се зголемува, а депресијата од повремена вообичаена состојба на нарушено расположение, почнува да се третира како сериозна болест на 21 век.
Во заклучоците од истражувањето на кралскиот Империјален колеџ во Лондон, за почеток спроведено врз две групи од по 60 испитаници, се вели дека групата пациенти со дијагностицирана состојба на депресија, кои биле третирани со псилоцибин, покажале брз напредок и нагла промена во расположението кај испитаниците. Научниците се сигурни дека псилоцибинот, состојка која е позната и како една од главните во составот на нервните бојни отрови, многу брзо и сигурно го подобрува расположението.
Проблемот е во тоа што псилоцибинот е основна состојка во т.н. халуциногени или „магични“ печурки, па веќе се појавија дилеми како државните здравствени системи би поттикнале и финансиски би покривале, официјален третман со дрогата ЛСД, од државниот буџет. На социјалните мрежи, посебно се поставува прашањето:
– Дали државното здравство ќе плаќа за луѓето да се дрогираат со ЛСД, на државен трошок?!
Доколку здравствените власти решат да ја одобрат примената на псилоцибинот, тоа ќе значи легализација на халуциногените печурки и револуционерен почеток на нова „психоделична ера“ во медицината.