Хрватската полиција уапси шест души кои биле здружени за шверц на дрога и хероин во Хрватска. Меѓу нив се наоѓал еден Македонец, Србин и четворица Хрвати.
Полицијата од осомничените заплени 3,9 килограми хероин.

Злосторничкото здружение како што го нарекоа хрватските медиуми набавувало хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го
прошверцувале на територијата Хрватска а го продавале на наркопазарот во Истарската, Загрепската и Сплитско-далматинската жупанија.
Од продажбата на 3,9 килограми хероин, осомничените заработиле најмалку 80.000 евра кои меѓусебно ги поделиле.

Тројца од осомничените се уапсени на подрачјето на Загреб, а по еден на подрачјето на Истра и на Сплитско-далматинската област.
Врз основа на пријавата од истарската полиција, донесено е решение за спроведување истрага против осомничените и да бидат приведени во истражен затвор.