Кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеи” ќе се фокусира на поголема промоција на придобивките кои компаниите може да ги имаат од 5Г, како и обуки за употреба на „клауд“ концептот за зголемување на енергетската ефикасност и заштеда на време и други ресурси.
Ова се точките од стратегијата на Хуавеи за излегување од сопствената криза, која започна со ставањето на компанијата црна листа во САД како непријателска, од администрацијата на Трамп во 2019.
Проблемите на Хуавеи продолжија со блокадите од мерките за време на Ковидот, а војната во Украина уште повеќе ги усложни, откако двајца Британци членови на бордот поднесоа оставка, поради одлуката компанијата да не се повлекува од Русија, ниту да се приклучи кон меѓународните санкции.
Само во последната година компанијата имаше намалени приходи за 29%, но нето добивката сепак порасна за 76% благодарение на продажбата на паметните телефони од линијата Хонор.