АВТОМОБИЛОТ ВИ ДАВА СИГНАЛИ
Предупредувачки светла
Компјутерскиот екран дава едноставни и брзи предупредувања кои незначат ништо и се лажен аларм. На пр. доколку трепка “провери го моторот” постои цела листа причини од кои добар дел можат да бидат банални од типот на разлабавено капаче на резервоарот, прекинат контакт во каблите итн. Затоа наместо да паничите, обидете се телефонски да консултирате автомеханичар, а кога ќе го завршите патувањето, за секој случај направете компјутерска дијагностика.
Истекување на течности
Влажните дамки под вашиот автомобил може да се и од обично истекување течност од клима уредот или бришачите, но доколку се во боја и лепливи може да упатуваат на сериозен проблем.
Доколку истечената течност е безбојна, но мазна и леплива тоа може да е истекување од системот за кочење.
Ако дамката се појави на предниот дел од автомобилот, веднаш под моторот, најверојатно станува збор за истекување. Моторното масло лесно се препознава не само затоа што е најчестата хидраулична течност што доаѓа од автомобилите, туку и поради неговата карактеристична црна или темно кафеава боја.
Течноста за ладење има многу карактеристична боја – обично токсична зелена, сина или црвеникаво розова. Лесно е препознатлива и по нејзиниот сладок мирис. Обично капе од предниот дел на автомобилот, под моторот. Можете да ја најдете и под расипани црева на радијаторот или пумпата за вода и, се разбира, под хаубата, на пример, под капачето за полнење масло. Ова е знак дека течноста за ладење влегува во маслото преку скршени дихтунзи на главата на цилиндерот или преку самата глава на цилиндерот.
Масло за пренос. Црвена боја, лизгава и густа конзистенција и специфичен мирис на сурова нафта? Ова е веројатно истекување на преносот. Проблемот со овој тип на течност е неможноста да се провери нивото во резервоарот.
Гориво. Бензинот и суровата нафта најлесно се препознаваат по нивниот мирис. Мрсна, опалесцентна дамка со лут мирис укажува на проблем кој не само што е непотребен, туку и крајно опасен. Горивото што го користиме во нашите возила е исклучително запаливо и може да предизвика експлозија доколку истече. Горивото може да капе од валкан филтер, резервоар за гориво што протекува, скршени линии за гориво или системот за вбризгување.
Чад
Глетката на бел чад не е многу пријатна и предизвикува паника. Белиот чад најчесто значи истекување од доводите во ладилникот што доведува до прегревање на автомобилиот.
Доколку чадот има синкаста боја, тогаш не истекува вода туку масло измешано со бензин, поради што се проверува маслото и евентуални места на можно истекување.
Ако од ауспухот излегува густ црн чад, тоа значи дека во моментот трошите, согорувате премногу гориво. Тоа не е опасно, но пожелно е побрзо да го санирате затоа што ќе ве чини скапо.
Чудни звуци
Секој автомобил си има свој специфичен звук кој искусните возачи го препознаваа. Ако моторот звучи чудно при давање гас тоа значи дека нешто не е во ред со маслото, а доколку мора да ја притискате педалата за кочење до, проследено со шкрипење, тогаш треба итно да ги проверите кочниците. Доколку звуците личат на тропање или стружење веднаш треба да побарате помош. Доколку тропањето доаѓа од тркалата, тоа не мора да значи страшен проблем доколку физички се провери дали некаде е заглавено камче.
Eлeктрoнски писок
Доколку при стартување на автомобилот, уште кога системот е на контакт, слушнете непознат електронски писок тогаш треба да знаете дека времето, кога автомобилот ќе откаже да запали е доста близу.
Шуштење
Користените возила често страдаат од системите за ладење на моторот. Тоа може да биде констатирано со шуштење од празнењето на моторот, често проследено со пареа. Преглед на ладнилникот и доводите треба да биде направен веднаш бидејќи може да дојде до прегревање и искривување на главата на цилиндарот што ќе доведе до ремонт кој не е евтин.
Cвирeњe
Ова е звук кој упатува на истрошеност на некој од ремените. Исто така треба да се проверат запчаниците или некој од соседните валјаци. Треба да се обрне внимание и на свирење од турбо компресорот, но најопасно е свирењето од тркалата, каде проблемот може да биде поврзан со механизмот за сопирање или почесто со лагерите. При блокада на главниот лагер во движење, нештата можат да излезат од контрола.
Штракање
Овој звук е присутен најмногу кај употребувани автомобили со систем 4х4 и доаѓа од запчаникот или од задниот диференцијал. Истрошениот запчаник кај редукторот испушта доста непријатни шумови дури и при ниска брзина. Во никој случај не го игнорирајте. Слично штракање може да се појави и од менувачот.