Неодамна, има се повеќе обиди за измама преку различни портали за онлајн шопинг, па дури и преку обичните апликации што ги користиме како Фејсбук, Твитер, Инстаграм итн. Со оглед на тоа што купувањето преку интернет во последните две години доживеа огромен бум во светот се појавија и бројни измами со кои сајбер криминалците сакаат да извлечат пари од невнимателните граѓани

Измамниците кои најчесто се од Украина, Русија, Литванија, Естонија, Индија, како потенцијалните жртви начесто ги лоцираат локалните продавници каде преку лажната веб-страна или онлајн продавница, или порака, ги прашуваат корисниците за бројот на картичката, контролниот број и истекувањето на датумот на картичката со цел да добијат пристап во системот па би повлекле одредена сума на пари.

Исто така важно е да се напомене дека претходно потенцијалните жртви ги принудуваат да одобрат одредени спецификации на компјутерите или телефоните со цел побрзо и полесно да влезат во вашиот систем и доколку постојат лични податоци да ги извлечат, па после тоа да ја извршат измамата.

Превентивни мерки и штитењето од ваквите измамници во нашата држава се’ уште се третираат како табу тема и тешко се докажува пред надлежните органи. И покрај напорите на некои претпријатија кои што ги обучуваат нивните структури да ги распознаваат и превенираат ваквите сајбер напади, обичниот човек што користи интернет е оставен на самиот себе и последиците од него.

Се препорачува секогаш доколку наидете на вакви сајтови или луѓе што продаваат или препродаваат одредени добра а веднаш ви бараат лични податоци од кредитните картички и сл., претходно добро да ги разгледате сите податоци за тоа што се, кои се, што нудат и кои препораки ги добиле од нивните муштерии.
