Вториот најголем извозник на житарици на светот (по земјите околу црноморскиот басен, предводени од Украина Русија) Индија, реши да го забрани извозот на пченица, пченка и други житарици, откако цените на лебот и другите производи од жито во втората земја со најмногу жители на светот почнаа вртоглаво да растат.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno-1-1.jpg)
За да ја спасат својата економија од инфлациони турбуленции, џиновски цени и недостиг на леб, индиските власти решија привремено да го забранат извозот на житарици.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno-5.jpg)
Со оглед на обемот на производство и извоз, се очекува ваквата одлука на Индија да предизвика глобален ценовен шок на лебот и недостиг на жито и леб на светскиот пазар.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno3-16.jpg)
Се стравува дека најпогодени од ова ќе бидат земјите од Африка и дел од Азија, на кои им се заканува и опасност од глад.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno2-17.jpg)