Во Индија, во која живеат големи различни верски заедници од сите светски конфесии, во моментов се применува закон за брак кој првенствено ги почитува и ги применува различните правила на различните вероисповести.

На пример, кај муслиманите, еден маж може законски да има повеќе жени, што често доведува до сложени и долги судски процеси при бракоразводните парници.

Премиерот Нарендра Моди, кој самиот е Хиндус со националистички политички бекграунд, вели дека во сите религии, не само кај Муслиманите од кои се очекуваат најжестоки реакции, има проблематични „моменти“ во однос на бракот, кои би се решиле со унифицирање на еден закон за сите – закон, кој би се засновал на исклучиво граѓански концепт, ослободен од верските практики и обичаи.

Граѓанскиот закон би се однесувал не само на бракот, разводот и наследувањето, туку на широка лепеза прашања поврзани со правата на жените, родовата еднаквост и сексуалната определба. Се смета дека носењето на ваков закон огромната мултикултурна и мултиконфесионална Индија, ќе направи огромен револуционерен скок, од традиционално, речиси феудално уредување на бракот и семејството, кон модерно граѓанско општество насочено кон родова еднаквост и т.н. ЛГБТ права.