Индонезија која е голем извозник на палмово масло, од следната недела ќе ја забрани продажбата на масло надвор од земјата. Се очекува краткорочната владина мерка привремено да ги стаблизира цените на маслото во Индонезија, но да предизвика големи турбуленции на пазарите во Индија и Кина, каде веќе се чувствува недостиг од секакви видови масло за јадење. Индонезија во 2018 го ограничи домашното производство на масло од палма, во рамките на се мерки поврзани со заштита на животната средина.

До забраната беше ограничено создавањето нови насади од палми, но државата компензираше со државна помош во модернизација на производството и неговата ефикасност, како и пренасoчување на производителите на масло кон насади од соја и пченка, како суровини.

Светскиот пазар на сите видови масло за јадење се соочува со голем дисбаланс и дефицит кој од почетокот на војната во Украина се чувствува глобално на сите меридијани. Индонезија, како голем производител на масло од палма и други алтернативни суровини има голем импакт на светскиот промет и цената, кој со последната забрана за извоз, најмногу ќе се почувствува во Индија и Кина. Индонезија е земја со речиси 300 милиони жители и е четврта најголема нација на светот според популацијата.
