Индонезија најави десетици милијарди инвестициска инјекција во индустријата со електрични автомобили во земјата.
Откако продажбата на никелот на меѓународните берзи беше неколкупати целосно сопрена, а цената во неколку наврати речиси вкупно 200% зголемена, Индонезија која е богата со суровини и природни ресурси потребни за изработка на батерии за електрични автомобили, реши да ги поттикне инвестициите во тој дел од автомобилската индустрија со вложување 6 милијарди долари.
Во меѓувреме и неколку јужнокорејски производители на автомобили, најавија сопствени инвестиции во Индонезија. Конзорциумот LG Energy најави инвестиција од над 9 милијарди долари, откако лани заедно со Хјундаи имаа инвестиција од речиси 2 милијарди, во производство на електрични автомобили, батерии и делови за нив во Индонезија.
Откако почна нафтената криза, а посебно по почетокот на војната во Украина, речиси сите познати светски производители на автомобили, најавија или веќе почнаа производство на нови линии автомобили на електричен погон.