За првпат по 40 години на околу 500 жени во Иран и беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревар од локална лига, и да го гледаат мечот во живо на стадион заедно со мажите.
Жените кои биле физички одвоени во посебен простор на трибините, не пропуштиле во текот на навивањето да извикуваат „Сина Девојка” во чест на 29 годишната Сара Кодајари, девојката која стана симбол на борбата за женски права во Иран.
Кодајари се самозапали чекајки судење поради тоа што преправена како маж влегла на фудбалски натпревар, но била откриена.
По притисокот од Меѓунарондата фудбалска федерација ФИФА, но и од домашната јавност, властите во Иран каде владее строгиот исламски шеријатски закон, решија да им дозволат на жените да гледаат фудбал.
Претходните неколку години, трендот на маскирано упаѓање на жени да гледаат фудбал на стадионите, толку зачести што властите престанаа да се обидуваат да го спречат.