Руската компанија Газпром соопшти дека исклучиво од технички причини, поради ремонт е запрена испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен ток.
Прашањето сега е – како западните земји да ја испорачаат на Русија, турбината од Сименс која беше ремотирана во Канада, а да не ги прекршат санкциите кои сами ги воведоа?
Наместо во Русија, Канада веќе ја испратила ремонтиранта турбина во Германија, на која сега е префрлен проблемот со испораката.
Додека Газпром инсистира дека застојот е од исклучиво техничка, а не политичка природа, портпаролката на Кремљ, Марија Захарова не пропушти да каже дека „испораката ќе зависи од западните партнери, нивните барања, и негативните ефекти од незаконските мерки (санкции) кои сами ги воведоа“.