Во Јапонија повеќе од 9 милиони луѓе се предупредени да се евакуираат поради тајфунот Нанмадол што доаѓа во Источна Азија.

Агенцијата за метеорологија издаде предупредување од нивото 5 што е едно од највисоките според нивната скала на сериозност поради тајфунот Нанмадол што е активен во јужниот дел на островот Кјушу.

Досега се евидентирани две лица кои загинале и стотици илјади семејства што пријавиле дека се останати без струја на најјужниот дел од островот Кјушу.

Овој тајфун е 14-ти по ред што ја зафати земјата оваа година што линеарно носи силни ветрови и обилни врнежи.

Премиерот Кишида Фумио побара граѓаните веднаш да се засолнат на местата за евакуација или доколку не можат да стигнат до нив да се качат на највисоките точки од градот.
