Кога политиката и бизнисот ќе станат шоу, се понејасно станува каде е границата меѓу голиот публицитет за забава и сериозната политика.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/6-5.jpg)
Таков е случајот на јавната расправија преку социјалните мрежи меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек на светот Елон Маск, која се претвори во вистинско “селебрити” реално шоу, но сепак има сериозни импликации врз бизнисот и политиката.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-10.jpg)
Иако сите мислеа дека се пријатели и сојузници поради републиканските ставови на Маск и неговата директна одбрана на Трамп по укинувањето на неговиот профил на Твитер, во последно време тивката саркастична јавна војна на зборови меѓу двајцата се разгорува.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-14.jpg)
Откако Маск последно напиша дека е време „Трамп да ја закачи шапката и да отплови кон зајдисонцето“ Трамп не остана покусо, индиректно напаѓајќи ги електричните автомобили како „срање за кое трошите повеќе време да го наполните отколку времето кое ќе потоа ќе го имате за возење“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-9.jpg)
Неговата изјава дури предизвика краткотрајни турбуленции на берзата, а допрва ќе се анализира дали влијаела на продажбата на автомобилите Tесла на Маск.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/1-14.jpg)
Иако претходно ја исклучуваа можноста како неверојатна, аналитичарите повторно почнаа да ја разгледуваат, макар теоретски, можноста Елон Маск да биде иден кандидат на американските републиканци за претседател на САД.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/kover.jpg)
Во секој случај евидентно е дека јавната „забава“ на двајцата, со секој кажан или напишан збор, па дури и објавена слика, се анализира до детаљ и има сериозни импликации во светот на политиката и бизнисот.