Денес 22.06 2023 (четврток) започнаа работните теренски активности на екипите на ЈКП Водовод Битола.
“Ќе се изврши реконструкција на водоводна мрежа со должина од 522 метри.
Реконструирани се секундарната и терцијална водоводна мрежа на профил 2, со што се врши замена на ПВЦ ф-90мм со ф-110мм и поцинкувани приклучоци со полителински црева.
Вкупната вредност на овој проект, вклучувајќи ја водоводната мрежа, канализационата и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.
Ги замолуваме корисниците на вода на разбирање за повремените прекини во вода, изјавија од ЈКП Водовод Битола.
Ознаки: сервис