Овие 10 техники се сосема природни, не можат да ви наштетат, а освен среќа, ќе ви донесат и добро здравје и убав изглед.
Допаминот е еден од најважните хормони, кој е одговорен за тоа дали се чувствуваме добро или не. Кога нивото на допамин е ниско, се чувствуваме тажни, и обратно, кога допаминот е на високо ниво, ние сме добро расположени и среќни.

За среќа, постојат сосема природни начини да се подигне нивото на допамин во телото! Докажано е дека делуваат и можете постојано да ги применувате, за да бидете секогаш среќни или по потреба кога се чувствувате лошо.
1. Вежбање
Секоја физичка активност го стимулира ослободувањето на ендорфин, допамин и серотонин (хормони на среќата). Редовното вежбање може да ви помогне да се ослободите од стресот, фрустрацијата и хроничниот замор, само треба да биде активност во која навистина уживате.

2. Детоксикација
Насобраните бактерии и токсини во телото го ослабуваат имунитетот и го намалуваат производството на допамин. Затоа потрудете се редовно да го чистите телото (обично преку исхраната) и ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.

3. Избегнувајте пороци
Цигарите, кафето и алкохолот прават да се чувствуваме добро, но ефектот е многу краток. Овие навики можат да ви донесат сериозни проблеми по некое време, па наместо тоа уживајте во некои други ситници и обидувајте се да ги избегнувате по секоја цена.

4. Слушајте музика
Еден од најлесните начини да почнете да се чувствувате добро веднаш и вашето тело да почне да произведува добри хормони е да ја слушате вашата омилена музика .Само неколку минути слушање на вашите омилени песни ви го враќаат доброто расположение и оптимизмот.

5. Почесто дружење со пријателите
Еден од најлесните начини да го подигнете нивото на допамин е почесто да се дружите со пријателите и семејството. Дури и ако сте интровертна личност по природа, средбата и разговорот со саканата личност ќе направи голема разлика.

6. Бидете креативни
Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Ова не значи дека треба да станете светски познат сликар – обидете се да направите некоја декорација, празниците да поминат по нарачка, да зготвите нешто, да го промените распоредот на мебелот во станот… Од сето тоа ќе се чувствувате одлично!

7. Зголемете го тирозинот
Тирозинот е една од најважните хемиски супстанци во човечкото тело, која служи за синтеза на допамин. За да го подигнете нивото на тирозин, јадете храна богата со оваа супстанца, а патем ќе се ослободите од стресот и ќе бидете многу подобро расположени. Бадемите, авокадото, бананите, лубениците, зелениот чај и темното чоколадо се одлични извори на тирозин .


9. Направете листа на цели
Поставувањето цели на дневна основа така што ќе ги запишете на хартија и ќе ги ставите на видно место е одличен метод за подобро расположение, но и да не заборавите ништо. Кога ќе направите нешто од таа листа, прешкртајте ја задачата и ќе видите како вашето расположение вртоглаво ќе порасне, особено ако сте завршиле некоја важна и тешка работа.

10. Спијте доволно
Кога спиеме, нашето тело почнува да произведува хормони и супстанции кои можат да го подигнат нивото на домапини. Освен тоа, мирниот и доволно долг сон е посебен вид среќа сам по себе.
