Живееме во поврзан свет. Со тоа што технологијата станува сè пософистицирана, вештините на криминалците често ги надминуваат можностите на безбедносните професионалци во организациите и компаниите, што е потврдено од бројот на успешни напади. Како што се интернет инженери. На компаниите и организациите им се потребни луѓе кои ги совладале вештините за обезбедување мрежи и заштита на системи, софтвер и податоци од напад, оштетување и/или неовластен пристап.
Заканите пораснаа со алармантна стапка минатата година каде што се очекува годишната цена на сајбер криминалот во светот да достигне 10,5 трилиони долари до 2025 година, што е повеќе од 3 трилиони долари пред 10 години. Покрај тоа, глобалната здравствена состојба во последните неколку години, исто така, влијаеше на промената на деловниот модел – бидејќи скоро сите процеси се одвиваат онлајн.
Организациите мораа да се трансформираат речиси преку ноќ за да продолжат да функционираат. Некои го задржаа континуитетот со целосно преместување на процесите на интернет во рок од неколку недели, создавајќи силна побарувачка за деловни процеси кои ќе гарантираат сигурност во сајбер просторот.
Безбедносните тимови на новопечените сајбер закупени простори беа принудени да се прилагодат на новите парадигми, да најдат нови начини за сортирање на заканите и да ги поедностават алатките и процесите – и тоа брзо. Дојде време кога секоја компанија или организација треба да се одбрани од сајбер криминалот.
Во опкружување каде што компаниите работат делумно или целосно онлајн, клучното прашање е како да се заштити деловниот систем, а истовремено да се охрабри продуктивноста и соработката. Секој ден, компаниите мора да останат чекор понапред од заканите.
Овозможете мулти-факторска автентикација (MFA) за да се намалат 99,9% од нападите на дигитален идентитет.
Што значи тоа? Организациите можат да си помогнат со оваа автентикација со тоа што некои напади можат да се спречат кога би се употребувале лоши лозинки, лажна идентификација и слично, но паралено со ова мора да се овозможи и едукација на вработените во случај за кражба на идентитет.
Сепак, една од најдобрите работи што вработените можат да ја направат кога ќе го вклучат MFA тој да активира дополнителна бариера и слој на безбедност што им отежнува на напаѓачите да стигнат до нивната цел. Основните функции за повеќефакторска идентификација или автетикација се достапни бесплатно за сите корисници на Microsoft 365.
Овозможете и имплементирајте на моделот Zero-Trust
Архитектурата или просто кажано изработката на Zero-Trust го намалува ризикот во сите средини преку воспоставување силна потврда на идентитетот, потврдување на усогласеноста со уредот пред да се даде пристап и обезбедувајќи најмалку привилегиран пристап само до експлицитно овластени ресурси. Принципите на моделот Zero-Trust се: експлицитно – потврдете сè или нема да имате воопшто пристап или што би се рекло Royal Zero Trust пристап за се или ништо.
Управување и мултитаскинг на сите дигитални средства и алакти – Shadow IT
Shadow IT е збир на апликации, услуги и инфраструктура кои се развиваат и управуваат надвор од дефинираните стандарди на организацијата. Овие типови решенија отсекогаш постоеле во бизнисот, но нивниот број се зголеми кога различни тимови во организациите почнаа брзо да се движат кон модернизација. Откако ќе се научи правилно да се управува со апликацијата ова ќе доведе до многу посигурна деловна средина.
Tаканареченото обезбедување на точни податоци за секоја крајна точка
Кога зборуваме за крајни точки, секогаш мислиме на заштита на сите завршетоци на некоја фаза од проект или просто на целиот систем што ги вклучува не само договорните тимски уреди, туку и партнерските уреди па дури и оние уредите „гости”, просто кажано сите апликации и уреди што ги користат вработените за пристап до работните податоци, без оглед на тоа кој е сопственик на уредот. Microsoft Defender нуди широк спектар на решенија за различни типови на корисници, кои ќе им помогнат брзо и ефикасно да ги запрат нападите и да ја зајакнат одбраната на сите дигитални ресурси и апликации.
Воспоставување или параметри за управување на безбедносна дистанца од вештачката интелегенција
Примарната цел на тимот за управување на безбедносна дистанца од вештачката интелегенција е постојано да известува и да го подобрува безбедносното држење на организацијата од таканаречената вештачка интелегенција. Решенијата за безбедност од вештачката интелигенција помагаат рано откривање и управување со заканите за одржување на безбедноста во организацијата.
Новиот свет на работа бара нови пристапи кон безбедноста. Целта на секоја организација треба да биде да го направи пристапот што е можно поедноставен во сè покомплексен свет за да обезбеди безбедност за сите.