Португалската министерка за здравство, Марта Темидо, и покрај својата популарност поради успешното справување со ковид кризата, реши да поднесе оставка, преземајќи лична морална одговорност во случај во кој самата таа и нејзината функција нема директна врска.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/3-27.jpg)
Се работи за смрт на 34 годишна бремена туристка од Индија, која додека била пренесувана од една во друга болница во Лисабон, починала од срцев удар.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/2-33.jpg)
Темидо соопшти дека чувствува морална одговорност, поради лошата организација на неонаталните болници и одделенија, која довела до не примање, односно пренесување на бремената туристка од една болница во друга.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/4-21.jpg)
Згора на сѐ, нејзиното бебе е извадено успешно со царски рез, преживеало и се чувствува добро.
Проблемот со недостиг од медицински персонал во неонаталните одделенија во Португалија не е нов, а тоа всушност и била причината зошто родилката е префрлана од една болница во друга.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/5-14.jpg)
Како и да е, ваков пример на поднесување оставка на успешен и популарен министер само поради еден случај, во земји како Македонија се смета за редок (ако не и невозможен) куриозитет во делот на занимливости.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/6-16.jpg)