Електричната мрежа во Калифорнија е пред сериозен предизвик, да воведе долги прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради долготрајните невообичаено високи температури, кои предизвикаа долготрајна суша и преголемо оптоварување на мрежата поради употребата на уреди за ладење.
Државните власти се надеваат дека ќе избегнат прекини, доколку жителите доброволно прифатат да трошат помалку струја.
Гувернерот Гевин Њусом, рече и дека по лошото искуство со прекините во 2020 година, државата ја подобрила електричната инфраструктура на мрежата.