Во северозападен Иран се уште живо и активно е селото Кандован чии куќи се издлабени во пирамидално-конусните форми на вулкански гребен пред најмалку 1000 (а според некои претпоставки и неколку илјади) години.
„Куќите“ се на два до три спрата, со архитектонски план за сите потреби на едно домакинство, комбинирани со камен, тули, дрво и друг градежен материјал освен вулканските карпи кои се користат како основа.
Во Кандован има јавно купатило, училиште и џамија за населението кое денес е муслиманско.
Научниците велат дека најслични градби имало во Кападокија во Турција и во Гребенот Маниту во САД, кои одамна не се користат за живеење, но во селото Кандован во Иран, во градбите изгледаат исто како пред десетици векови.