Состојки за кора:
- 15 натопени урми
- 4 лажици какао
- 1 лажица кокосово масло
- 1 чаша мелени бисквити или ореви
Состојки за фил:
- 10 натопени и излупени урми
- 150 грама путер од сусам
- 1 лажичка ванила
Состојки за чоколаден фил:
- 100 грама чоколадо за готвење
- 2-4 лажички путер од сусам или пак путер од кикирики
Прв чекор:
Во блендер измешајте ги сите состојки за кората и добиената смеса нанесете ја во сад обложен со хартија за печење. Добро притиснете со раце за да ја нанесете рамномерно и насекаде во истиот слој. Ставете ја малку во замрзнувач.
Втор чекор:
Потоа во блендер измешајте ги состојките за филот од карамел. Измешајте го путерот од бадеми со излупените урми. Ставете го во замрзнувач два часа да се стегне.
Трет чекор:
Подгответе го чоколадниот прелив мешајќи домашно чоколадо. Исечете ги замрзнатите чоколадни ленти и секоја превртете ја во чоколадниот прелив, а потоа вратете ја во фрижидер или замрзнувач.
Имајте добар апетит!