Раперката Карди Б се изјасни за виновна за прекршочни обвиненија поврзани со тепачка во стриптиз клуб во Квинс во 2018 година.
Во октомври 2018 година, раперката наградена со Греми, чие вистинско име е Белкалис Марленис Алманзар, се предала на полицијата во Њујорк по тепачка во клубот „Ангелс Стрип“ каде двајца вработени рекле дека пејачката и нејзиниот тим ги нападнале.
Иако во јуни 2019 година, Карди Б се изјасни за невина по обвиненијата за кривичното дело сепак денес ја призна вината со што е осудена на 15 дена општествено корисна работа. Исто така, добила три години забрана за доближување до жртвите како и подмирување на судските такси.