Серенадата е нежна ноќна трубадурска песна, со медитерански призвук, најчесто со љубовен романтичен мотив која се пее тивко на саканата под пенџере.
Серенадите, пајтоните, трубадурите и чалгиите се неодминлива асоцијација на градот за кој самите Битолчани со гордост знаат да кажат дека е најградскиот град во Македонија.
Ако на нив се додаде и „модната писта” наречена Широк Сокак на кој чупињата и коконите, слично како денес покажувале дека не заостануваат зад а-ла-франка модата од Париз, ќе се заокружи носталгичната претстава за една Битола од пред 80-тина години, кога впрочем и се случува дејството на видео спотот, со кој филмски е екранизирана новата битолска песна на групата „Милениум”.
Во групата „Милениум” велат дека во песната која на некој го начин одбележува и нивното плодно и успешно 20 годишно опстојување на македонската сцена, сите заедно со целиот пропратен тим од автори, аранжери, режисери и други соработници вложиле многу енергија, љубов и почит и внимание, какво што заслужува Битола кога се пее за неа.
Ако на ова се додадат Чинарот, Амамот на Керим Бег и симидот од Чифте Фурни, никој нема да остане рамнодушен – старите Битолчани со понекоја носталгична солза, а младите со љубопитност и желба да сочуваат, продолжат и ако може и да обноват и повторно оживеат нешто од некогашната, типично битолска традиција.
Кога станува збор за серенада, тогаш авторскиот потпис на Боби Поповски (авторот на веќе култната „Пусти мерак Ратке”), аранжманот на Дарко Илиевски и режијата на Даниел Јовески, како надополнување на докажаната мајсторија на искусните членови на „Милениум” упатуваат на проверен квалитет и формула за успех.
Песната „Ќе те шетам на Широк Сокак” со видео спотот на Јутјуб каналот на групата Милениум ќе биде промовирана во среда на 18 јануари во 19 часот.
Дотогаш, уживајте во промотивните извадоци:
Обновено по објавувањето на видео спотот 18.01.2023:
“ЌЕ ТЕ ШЕТАМ ПО ШИРОК СОКАК„
Performer / Изведувач : Група Милениум
Music / Музика : Боби Поповски
Lyrics / Текст : Боби Поповски
Аrr/ Аранжман : Дарко Илиевски
Mixed and Recorded : Дејан Момироски studio XL Momiroski
Mastering : Дејан Момироски
Video: Daniel Joveski
Vfx: Goce Milanoski
Cast: Ljupco Andreski, Elena Georgievska, Galop – Bitolska konjanica.
Asistent: Nikola Stavreski
MakeUp: Belleza – Bitola