Беше и Боб Дилан, Кетрин Хепберн, Шарлот Греј, кралицата Елизабета, Галадриел и многу други личности. Кејт Бланшет – жената со милиони лица и една од најдобрите актерки на сите времиња
Таа денес живее во Австралија далеку од гламурот и славата во заедно со нејзниот сопруг и четирите деца од кои едното е посвоено. Кејт никогаш не заборави од каде доаѓа, ниту тоа дека некогаш била сиромашна девојка кој патот до Холивуд тогаш и изгледал далеку и невозможен. Бланшет како девојка мислела дека никогаш нема да добие шанса да го покаже својот талент.
Своето прво филмско деби го имаше во египетски филм за боксер. Таа била на одмор во некој третокласен египетски хотел па и пистапи човек и ја замолил да биде статист во филмот. Па така од само едно стоење таа се појавила дури на три сцени. Потоа се обидела да глуми во театарот каде што е забележан нејзиниот талент и ја добива наградата за најдобар дебитант во Сиднејскиот театар.
Досега има освоено 153 филмски награди а била номинирана над 353 пати во различни категории.
Она што ја истакнува е нејзината скромност. И покрај тоа што е многу популарна актерка за неа се знае дека никогаш не живеела во Лос Анџелес како повеќето актери после големата заработка и популарност, никогаш не користила алатки и плаќала специјален ПР за себепромоција, не ги полнела таблоидите со скандалозни испади, не менува партнери како 90 посто од нејзините колеги, не сака социјални мрежи и едноставно мразела селфи.
Нејзиниот фокус е глумата и ништо повеќе.
Таа изминатата година паузираше од актерството па тогаш жолтиот печат истaкаи разни приказни од тоа дека умира од неизлечива болест па се до тоа дека има проблеми со дрогата, но набрзо и тоа се обелодени кога изјави дека таа едноставно морала да се повлече од актерството заради тоа што нејзините деца уназадувале со училиштето па се посветила сто процентно на нив.