Културниот и информативен центар Битола поведе иницијатива за тесна соработка со основните и средните училишта во градот за осмислување заедничка културна програма и градење на идна публика.
На тркалезната маса: „Поврзаност на образованието, културата и уметноста“ – Воспоставување на соработка во културните дејности со основните и средните училишта во Општина Битола, директорката на ЈОУ КИЦ Битола, Лили Бошевска пред присутните директори на основните и средни училишта од Битола, ја презентираше иницијативата, која вклучува тесна соработка на полето на културата и образованието, поддршка на културни иницијативи, копродкција, учество во манифестации, како и програми кои ќе значат градење правилен однос кон уметностите и создавање идна публика и професионалци.
Иницијативата доби општа поддршка од присутните, после што се пристапи кон потпишување на меморандум за соработка. Во КИЦ Битола велат дека на овој начин сакаат да ја доближат културата кон младите, покажувајќи активен однос кон нивните поненцијали и потреби. Иницијативата е поддржана од Општина Битола во рамките на програмата за 2023 г.