Кинеското министерство за одбрана соопшти дека кинеската армија ќе земе учество во воените вежби на истокот на Русија „Восток 2022“ и дека учеството е како што се вели „неповрзано со актуелните регионални и меѓународни состојби“.

Воената вежба која ќе се одржи од 30 август до 5 септември, во која освен Индија, Монголија, Таџикистан и Белорусија ќе учествуваат и други земји кои засега не се именувани, не е прва заедничка руско-кинеска воена вежба. Двете земји изминатите години имаа неколку заеднички копнени, поморски и воздушни вежби.
