Без директно да ги спомене и Русија и Америка, кинескиот претседател Си Џинпинг се приклони повеќе кон руските критики на глобалниот систем на меѓународна безбедност, заснован на праксата т.н. меѓународна заедница од Запад да си дава индивидуално право на мешање и интервенции во други земји под изговор на спроведување на правда, модел карактеристичен за САД, кој индиректно по аналогија, сега може да ја „оправда“ и руската интервенција во Украина.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/jasno1.jpg)
Аналитичарите велат дека на тој начин кинескиот претседател ги критикуваше и Русија и Америка, предлагајќи примена на т.н. невидлив модел на меѓународна правда, во кој јасно дефинираните правила и принципи никому не би му дале право да се меша во било која земја воден од своите субјективни и индивидуални проценки за „правда“.
Ако се знае, инсистирањето на Русија да се применува принципот на т.н. „невидлива безбедност“ според кој секој да може да ја проширува својата безбедност само до границите до кои другиот не би се почувствувал загрозен – принцип договорен меѓу Русија и САД уште во 1999 година, изјавата на Џинпинг може да се смета и како директна кинеска поддршка на Русија, но во изјавата на Си Џипинг има рамнотежа.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/jasno2.jpg)
Кинескиот претседател ниту еднаш не споменува ниту една земја, иако целото негово излагање се смета за осврт кон актуелните руско-американски односи и проширувањето на НАТО блиску до границите со Русија.
Обраќањето на Си Џинпинг на Азискиот форум во Боао, и неговиот навидум издигнат „неутрален“ став, се толкува како образложение – зошто Кина одбива да се приклучи кон меѓународните санкции кон Русија, за кои САД инсистираат да бидат воведени од што повеќе земји, но и обид за промоција на Кина како избалансиран меѓународен „глас на разумот“.