Австралискиот премиер Скот Морисон имаше непријатна блиска средба со незадоволен пензионер кој го обвини дека не си ги одржува предизборните ветувања.
Се работи за човек кому инвалидската пензија му била скратена, поради примање дополнителна државна помош, и покрај тоа што премиерот ветувал дека примањата пензионерите не смеат да бидат засегнати на ниту еден начин.
Цел живот сум плаќал во Фондот и имам право да имам цела пензија, му рече гневниот пензионер на премиерот, кој се обиде да остане смирен, со одговори од типот – ќе видиме … ќе провериме …
Познато ви е ?