Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој тајно отпатува за САД, на средба со американскиот претседател Џо Бајден на големо се коментира на социјалните мрежи.
Посебно внимание привлекува невообичаениот дрес-код за официјален прием во Белата Куќа, во сиво-маслинеста воена униформа, која со месеци е вообичаен дел од имиџот на Зеленски пред јавноста.
Реткиот дрес-код се споредува со војничкиот комбинезон кој британскиот премиер Винстон Черчил го носел во Белата Куќа, во екот на Втората Светска Војна, на 3 јануари 1942 година, споредувајќи го, на тој начин значењето на конфликтот во Украина со значењето на претходната Светска Војна.
Но многумина негодуваат на споредбата на Зеленски со Черчил, нарекувајќи ја навредлива и потценувачка за големината на британскиот историски лидер со сегашниот украински претседател, за кој велат дека не му стига ни до колената.
Не го споредувајте неспоредливото, Черчил беше лидер кој остави печат во историјата, а Зеленски обичен актер кој се обидува да ја игра улогата која му е доделена.