Кога хакери упаѓаат во информацискиот систем на една компанијата тоа можеме да го наречеме немил настан. Но, што ако компаниите доброволно дадат информации за нивните корисници директно во рацете на хакерите?
Според Блумберг, токму тоа го направиле Apple и Meta. Тие ги предале корисничките податоци на хакери кои се претставувале како полицајци.
Според информациите до кои дојде Блумберг, Apple и Meta споделиле со хакерите основни информации за корисниците како што се нивните адреси, IP адреси и телефонски броеви, откако добиле фалсификувано „барање за итни случаи“ во средината на 2021 година.

Експертите предупредуваат дека нема да биде лесно да се спречи повторување на вакви случаи бидејќи различни земји имаат различни закони и различни агенции кои се занимаваат со истражување на дигиталниот криминал и бараат информации од големите интернет компании. Комплексен е и системот со кој овие агенции известуваат за барањата за помош. Фактот дека фалсификуваното барање било испратено од легитимна адреса која била компромитирана само дополнително го отежнува неговото идентификување и известување до легитимните органи.