Состојки за тесто:
- 250 гр пченично брашно
- Компот од 175 мл (течност што ќе ја подготвитесами)
- 10 гр свеж квасец
- 0,75 мл масло
- 20 гр шеќер
- Половина лажичка сол

Состојки за филот:
- 200 гр суви смокви
- 4 јаболка
- 1 портокал (кора)
- 100 гр сечкани бадеми.

Подготовка:
- Јаболката излупете ги и исечете ги на дебели кришки, кората од портокал изрендајте ја, а смоквите исечете ги на третини.
- Ставете се во тенџере и прелијте со 500 мл вода и варете додека водата не зоврие. Потоа намалете ја топлината и оставете да се крчка уште пет минути. Исклучете го и оставете го покриено околу 15 минути.
- Издробете го квасецот и земете една лажичка од вкупната количина шеќер и посипете врз квасецот и додадете две супени лажици млака вода. Оставете го квасецот околу 10 минути.
- Во меѓувреме во сад измешајте ги брашното и солта и исцедете го компотот и одвојте 175 мл течност од компотот. Доколку е потребно, процедете ја течноста низ сито за да не содржи трошки и кожа од плодовите.
- Кога ќе отстои квасецот, додадете го во брашното. Потоа додадете го преостанатиот шеќер, маслото и течноста од компотот (треба да биде млак, но не топол, а доколку се излади слободно загрејте го малку).
- Месете го тестото додека не се изедначи па формирајте топка и оставете ја покриена во сад да нарасне на топло место околу еден час.
- Исцедените јаболка, смоквите и кората од портокал сомелете ги во блендер или миксер со стапчиња и додадете ги сечканите бадеми и сè убаво измешајте со тоа го добивте материјалот за полнење. Тестото треба да се расука во квадрат, рамномерно, а дебелината зависи од вашиот вкус.
- Врз неа намачкајте го целиот фил рамномерно и внимателно завиткајте го (ролат) тестото со филот врз него.
- Направете дупчиња со чепкалка по целата должина и печете во загреана рерна на 200 °C околу 30 минути.
- Оставете да се излади и исечете на тенки парчиња.
Уживајте во неодоливиот вкус!

Едитор: Викторија Брдаровска