Битолската коњаница која веќе шести ден патува низ планински патеки вечерва влезе во славното илинденско Крушево, заедно со коњаниците од неколку градови од западна Македонија.
Утре тие, облечени во автентична комитска облека ќе учествуваат во официјалното коњичко дефиле, а на 2 Август како дел од официјалната церемонија ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на Мечкин Камен.
Битолската коњаница утрово во селото Цер се поклони на гробот на Христо Узунов, а вчера во селото Велмевци му оддаде почит на познатиот илинденски војвода Јордан Пиперката.
Претходно, тие престојуваа и во славното Смилево, каде се поклонија на апостолот на македонската револуционерна борба Дамјан Груев.
Патувањето од Битола до Крушево на овие 12 момци и 2 девојки траеше 6 дена во должина од 174 километри.