За кафето, за кучето, за песните, за прошетките, за бившите и сегашните соработници, за здравјето и разумот, за обичните необични нешта, на архитектката која несакајќи почна да „конструира“ музика, за Европа која заборави како е да си едноставно искрен … дел од интервјуто на српскиот евровизиски феномен наречен Контракта дадено за време на промоцијата во Хрватска.
- Како изгледаше утринското кафе после победата?
– Утрото како вообичаено пијам еспресо… тоа ми е задолжително буквално речено секое утро. - Дали Европа е спремна за ваков тип на музика?
– Па, да. Апсолутно. - Од кого очекуваш 12 поени во текот на гласањето?
– Од Хрватска. - Дали е вистина дека твоите текстови од песните се прават спонтано?
– Па да, спонтано со текот на деновите, во прошетка, па, се пишува нешто, се бриши и така, на крајот се добива нешто.
- Со која светска ѕвезда би го споредила твојот стил на пеење?
– Не знам. Еве не знам вистина не сум размислувала. - Како настана песната IN CORPORE SANO?
– Како што спомнав претходно. Бесконечно шетање со кучето по улиците и сплет на околности. - Како се носиш со хејт коментарите или луѓето кои не ги сфаќаат твоите песни?
– Лично јас мислам дека тоа е здраво и нормално да размислуваме на различни начини и се додека се толерираме тоа е во ред.
- Дали им веруваш на докторите?
– Па, им верувам и на докторите, а понекогаш и во маѓионичарска ламба, хаха така да, претходно проверувам, но сепак да. - Како го одржуваш своето здравје во време на вируси и загаден воздух?
– Тешко прашање. Ништо претерано, само со здрав разум, тоа е клучот. - Кои се најголемите проблеми на слободните уметници? Освен здравственото осигурување?
– Не можам да одвојам еден главен проблем од нашиот живот. Како уметници ние сите, па во крајна линија цело човештво се соочуваме со некои проблеми.
- Дино Дворник или Јосипа Лисац?
– Двата, но сепак Јосипа вистина ја слушав многу и долго време. - Каква врста музика слушаш во слободно време?
– Се слушам. Каков и да е денот, дали излегувам во друштво со етно или на техно журка, ама баш буквално се. Нема тука некои граници. - Го сакаат ли луѓето секогаш она што го очекуваат?
– Често.
- Си завршила архитектура и на крајот си одбрала пеење?
– Беше попрактично во дадениот момент. - Да можеш да се телепортираш, во која доба би отишла?
– Па во пренеолит.
- Соло кариера или групна кариера?
– И едно и друго има свое. - Со кој би сакала да снимиш дует?
– Со Зое Кида. - Каде се наоѓа Земја Грува?
– Земја Грува е тука и бендот Земја Грува е во суштина мојата најголема поддршка.