Управата на клубот потврди дека се финализираа деталите од договорот за преземање, со кој фудбалскиот клуб Челси за 5,2 милијарди долари ќе добие нови сопственици.
Новиот сопственик е меѓународен козорциум предводен од Тод Бојли, еден од сопствениците на Лос Анџелес Доџерс поддржан од „Клиарлејк Капитал“.
На блокираната сметка на рускиот Олихарх Роман Абрамович треба да легнат 2 и пол милијарди фунти, а остатокот новите сопственици се обврзаа да го вложат во реновирање на стадионот на Стамфорд Бриџ, во женската екипа, академијата за подмладок и Фондацијата на клубот.
Се очекува преземањето да се случи пред истекувањето на лиценцата на клубот на 31мај.