„Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини.“
Димитар Ковачевски – претседател на Владата на вонредна прес конференција.

По конфернецијата опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека голем дел од мерките за енергетската криза се копија на она што претходно го предложил нивниот лидер.