Вчера на 29 09.2022 приведени се тројца дваесет годишни крадци во Скопје кои се фатени на дело. На ул.„11 Октомври“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле П.К.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје и С.Ј.(20) од Велес.
Тие биле затекнати како оштетуваат излози на две правни лица, при што одзеле и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и со нив бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител и против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Исто така вчера СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.
Пријавената, во текот на мај 2022 година, обезбедила податоци од платежна картичка на оштетеното лице и ги употребила за вршење на 12 неовластени трансакции за купување на разни услуги во вкупна вредност од 17.000 денари и за тој износ го оштетила лицето, а таа се стекнала со противправна имотна корист.
Додека во Охрид на 29.09.2022, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.П.(41) од Охрид.
Во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.