Оваа недела во Мајами се одржува конференција за Bitcoin 2022 посветена на пазарот на криптовалути, на која ќе се соберат бројни експерти и ентузијасти, но и милјардери oд светот на крипто валутите.
Еден од сè почестите термини во финансискиот свет е децентрализирано финансии или DeFi. Тоа е термин кој вклучува различни финансиски производи и услуги базирани на блокчејн, а кои имаат за цел да ги елиминираат посредниците во бизнисот, односно традиционалните финансиски институции кои давале такви услуги. DeFi и влијанието на децентрализацијата врз банките и целокупната финансиска индустрија ќе биде една од темите на конференцијата за криптовалути Bitcoin 2022 што ќе се одржи оваа недела во Мајами.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kripto-3.jpg)
Oвој настан банките не го дочекаа баш најдобро но сепак се шпекулира дека дел од нивните претставници ќе бидат присутни на настанот со цел следење на тековните промени од финансискиот пазар.